На 15. октомври во НОБ:„Кавалерија рустикана“ – трагична приказна за љубовен триаголник

Националната опера и балет, на 15 октомври 2019, со почеток во 20.00ч.  ја најавува трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.
КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА, опера на Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева. 



Настапуваат солистите: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Ѓорѓи Цуцковски како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Соња Пендовска Мадевска како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.
Билетите може да ги купите и резервирате на Билетарница: 02 3118-451
онлајн: www.operabalet.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во „Антолог“ пристигна „Kај северниот ѕид“ – новата книга од авторкатa Петра Клабоухова

Од вчера, во книжарницата на „Антолог“  и онлајн на antolog.mk, нова книга од авторката на …