На 11 декември на сцената на НОБ ќе се изведе една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“

На 11 декември со почеток во 20.00 ч. на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од големиот италијански композитор Гаетано Доницети.
Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е гостинот Дарио Салви (Шкотскa/Италија), режисер и сценограф е Лев Пулиезе (Италија), костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.

Во оперската претстава ќе настапи врвна домашна солистичка екипа, предводена од нашата првенка Ана Дурловски во насловната улога, која продолжува да остварува блескави успеси на европската и светска оперска сцена восхитувајќи ги критичарите и публиката со својата совршена техника и интонативна прецизност, Марјан Јованоски, Ѓорѓи Цуцковски, Никола Стојчески, Александар Стефаноски, Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.


„Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го напишал либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“. Операта премиерно е изведена на 26.09.1835 г. во Театро Сан Карло во Неапол. Дејството во оригиналното дело на Сер Волтер Скот се базира на вистинска случка во историјата на фамилијата Стер. Настанот се одвива во Ламермур, место во Шкотска во 1669 г. Либретото на операта ја содржи основата на приказната на Сер Скот но Салваторе Камарано во драматуршката разработка на дејството воведува и други личности кои во делото на Скот не постојат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без актерот и режисерот на познатите телевизиски серии „Волшебното самарче“ и „Белото Циганче“ – Ацо Алексов

Ацо Алексов е роден на 3 ноември 1932 во Струмица. Тој е македонски актер и …