На 14 септември, Паркот на франкофонија повторно ќе биде во фокусот на културните збиднувања. Ве покануваме сите во 20 часот да ни се придружите и заедно по втор пат да ја напишеме центарската музичката приказна „Нешто што ќе остане”.
Оваа година, на бината под ведро небо, сценариото со своите гласови ќе го пишуваат FIC & D’INVISIBLES, Лара, Пајак, Таско и Лозано, а низ приказната ќе нè води незаменливиот Сашко Коцев.
Што можете да очекувате? Музика за сите вкусови и генерации, изненадување за помладите, спомени за повозрасните. Македонско музичко доживување што полека ќе прерасне во традиција.
Ве очекуваме!