Музичка манифестација во чест на младите

Проектот „Музичка манифестација по повод Меѓународниот ден на младите“ вклучува повеќемесечна подготовка со учесниците кои ќе се претстават со концерт пред плато на Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница, денес со почеток во 20:00 часот.

Во овој проект како и во сите други активно учество ќе земат сите членови, без разлика на нивната етничка припадност, односно нивната физичко-ментална способност, се со цел да им се доближи музичката култура и литературното творештво од наши автори, а сето тоа да биде преку игра и дружење. Тука се вклучени деца и младинци кои се занимаваат со музика, и со нивна помош, односно со нивното учество ќе се реализира овој концерт.


Преку овие настани учесниците ги поврзуваме со нашата традиција, така што се изведуваат наши македонски песни. Целта на проектот е да се збогати културното претставување пред публиката, во смисла да се добие на квалитет и разнообразие на уметнички дела кои ќе ги задоволат сите вкусови. Со овој проект очекуваме задоволни лица на учесниците, доближување на традицијата, подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на музичката култура, се вели во објавата на организаторите на овој настан.

Настанот е дел од програмата на општина Виница по повод 30 август- Денот на ослободувањето на Виница а финансиски е поддржан од страна на Министерството за култура и туризам.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Корисни препораки – Овие додатоци во исхраната и витамини придонесуваат за процесот на слабеење: Вклучете ги во вашата дневна рутина

Во процесот на слабеење, клучно е да ја прилагодите вашата исхрана за да се обезбеди …