На 5 ти декември 2023, со почеток во 19:00 часот, во импозантниот објект од исламската профана архитектура Чифте амам, при Националната Галерија, ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили, од Приштина (Косово).
Ќе бидат изложени триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника. Изложбата е насловена Музеј на Детството.
Кустос на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос.