МУХАМЕД ИБРАХИМИ СО КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈА

На 6 ноември (понеделник), во камерната сала на Филхармонија, гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими ќе одржи свој концерт. Концертот е во организација на Баги Комуникации.

Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо.
Специјални гости на Мухамед на овој концерт ќе бидат Агни Авшар, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски.


Инаку Мухамед Ибрахими го паметиме како гитарист на групата БЛА БЛА БЛА, а многумина го познаваат и како творец кој практикува соработки со различни уметници. За себе вели дека е самоук, дека свири од својата 5 година на различни инструменти, но ако треба да бира, би ја одбрал гитарата. Има издадено два албума, Fly во 2014 и Devotion во 2019 година. Ова ќе биде втор негов солистички концерт оваа година, а веќе за следната година се бподготвува нов материјал и нови соработки.

Концертот ќе започне во 20 часот а влезници можат да се набават преку платформата www.bileti.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …