Романтичниот балет во два чина „ЖИЗЕЛ“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 21 мај 2022, со почеток во 20.00 часот, во рамките на на јубилејното 50.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2022.
Диригент на претставата е гостинот од Грузија, Давид Мукерија. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.
Во насловната улога ќе настапи примабалерината од Романија Кристина Дижмару, добитничка на многу награди и признанија во балетската уметност. Во улогата на Алберт ќе настапи Станислав Олшанскиј, првенец на Националната опера и балет во Украина , во улогата на Мирта: Ивана Коцевска, Хиларион: Игор Веланоски , селско па де де: Христина Наќевска и Балаж Лашеи (Унгарија).
Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
МОВ 2022: Изведба на балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам 21.5.2022
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.