МОМЧЕ ИСЧЕЗНАЛО ПРЕД 7 ГОДИНИ И ДОШЛО ПРЕД ВРАТАТА НА РОДИТЕЛИТЕ: Мајката не можела да им верува на очите! Тогаш се дознала СТРАШНАТА ВИСТИНА!


Тил (21), кој исчезнал во Германија пред седум години, конечно се вратил дома.
Во септември 2017 година, кога имал само 15 години, во ранец спакувал неколку парчиња облека, паричник во кој имало 300 евра и плејстејшн. Полицијата го барала со години, но никогаш не успеала да го најде.
Тил конечно ги контактирал своите родители во април и по неколку дена се вратил во куќата на неговите родители. Неговата мајка Роза Марија не можела да се нагледа на својот син.

„Сега сум тука, уживам во мирот и тишината“, рекол тој.


Тогаш открил зошто решил да побегне.

Со месеци трпел насилство од врсниците
„Кога имав 15 години, единственото нешто што сакав беше да бидам невидлив или едноставно да исчезнам. Само сакав да избегам од лошите коментари на моите соученици кои не само што ме навредуваа секојдневно, туку и ме малтретираа затоа што имав вишок килограми”, објаснува тој.
Потоа открил дека повеќе не сакал да оди во тоа училиште, а на родителите и браќата не им кажал низ што минува.
На тој студен септемвриски ден, Тил се качил на воз и отпатувал за Линген, мал град во Долна Саксонија.
Сакал да оди кај пријател што го запознал додека играл онлајн игри.
Неколку дена подоцна се јавил во Канцеларијата за млади. Меѓутоа, кога им кажал што се случило, тие не биле многу приемчиви за неговите проблеми.
„Кога им кажав низ што поминувам, не ме сфатија сериозно. Им кажав сè што ми лежи на срцето. Им реков дека нема да одам дома додека не престане малтретирањето на училиште. Се плашев да си одам дома, но повеќе од се се плашев да се вратам на училиште. Морав да сменам воз во Дизелдорф и кога излегов од возот, решив да побегнам.


Тил некое време се криел во Дизелдорф
Откако решил да не се врати дома, останал во близина на железничката станица една недела. Некогаш спиел на станица, а некогаш на улица.
„Со текот на времето запознав луѓе на улица, се дружев со двајца бездомници. Живеевме во напуштен магацин во индустриска област. Тројцата делевме се што имавме. Живеевме така една година”, објаснува тој. После тоа сите тројца останале без работа.
„Не сакавме да крадеме или да правиме нешто незаконско. Тогаш еден пријател слушна дека има работа за нас тројцата во Берлин. Затоа отидовме таму. Собрав сè назад во мојот ранец и заминав. За овие седум години, сè што некогаш сум поседувал се смести во тој ранец”, вели тој.
Додека работеле во Берлин, не биле пријавени, а Тил постојано се плашел дека некој ќе го открие неговиот идентитет.
„Се јавувавме само од телефонски говорници или позајмувавме мобилни телефони. Морав да внимавам да не се разболам бидејќи немав осигурување. За среќа, се помина добро“, рекол тој.

Емисија за неговото исчезнување
Во јуни 2022 година била емитувана емисија за неговото исчезнување. Тогаш било објавено дека се нуди награда од 5.000 евра за информација каде се наоѓа.


Постепено, тој почнал да сфаќа дека сака да се врати кај своите родители
Дури во април годинава собрал храброст да му испрати порака на својот татко од позајмен телефон.
„Моите родители не се лути што побегнав. Мило им е што сме повторно заедно“, рекол тој.
Тил сега деновите ги поминува помагајќи му на својот татко со работата во бараката и обидувајќи се да го надомести сето време што го изгубил со своите родители.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“ со Адам Сендлер и Џорџ Клуни, пристигнува на 5 декември

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“, го обединува она што ретко го гледаме …