Моќна порака од познатиот актер: „Секој ден е посебен. Утре не е гаранција, живејте денес!“

„Помогнете некому. Мора да го живеете секој ден како да ви е последен. Никој никому не се смее, никој не застанува да и се восхитува на природата за момент. Секој се грижи за својата грижа и брза да заврши што е можно повеќе задачи, како машините. Секој ден е посебен и треба да се доживее како таков. Утре не е гаранција, живејте денес!“
Кога ќе излезете на улица, погледнете и веднаш ќе забележите – секој оди по својот пат, никој со никого не разговара, секој механички шета по улиците, со слушалки во ушите, во својот свет и своја музика .
Никој никому не се смее, никој за момент не застанува да и се восхитува на природата… Секој се грижи за својата грижа и брза да заврши што е можно повеќе задачи, како машини.

Ова го забележал познатиот актер Кијану Ривс.


Ова го погодило, па сакал да им се обрати на сите преку социјалните мрежи, со надеж дека ќе ја достигне свеста на луѓето:

„Ги гледате ли овие луѓе зад мене? Брзаат на работа и не обрнуваат внимание на ништо.


Понекогаш сме толку посветени на секојдневниот живот што забораваме да одвоиме време за да уживаме во убавината на животот.

Како да сме зомби.


Свртете се и извадете ги слушалките од ушите.

Кажете некому „Здраво“, прегрнете некој што изгледа како да страда.

Помогнете некому.

Мора да го живеете секој ден како да ви е последен.

Она што луѓето не го знаат за мене е дека сум во депресија во последните неколку години.

Никому не кажав за тоа.

Морав да најдам свој начин да излезам од депресијата.

Личноста која ме спречуваше да бидам среќна бев ЈАС.

Секој ден е посебен и треба да се доживее како таков.

Утре не е гаранција, живејте денес!“

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„РОМСКА ДУША” – Меѓународна ромска поетска вечер

Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо Ило” од Скопје, вечерва,  ја организира првата …