МОЌНА МОЛИТВА ЗА ВРЕМЕ НА ПОСТОТ: Ја зајакнува душата и помага против искушенија

Тековниот Божиќен пост трае 40 дена и покрај воздржувањето од храна, вклучува и чистење на духот од грешни мисли и постапки, што може да биде вистинско искушение, кое може да се надмине со молитва.
Кога се зборува за постот, акцентот најмногу е ставен на храната и алкохолните пијалоци кои треба да се избегнуваат, додека духовната подготовка речиси и не се споменува.

Подготовката за празникот Рождество Христово е можност за апсолутно очистување на духот, покајание, исцелување и приближување кон Бога.


За да ги вратите вашите мисли на вистинскиот пат, кажете ја следнава молитва:
„Твојата утроба, Богородице, стана света трпеза со Небесниот Леб, со Христ Боже наш. Кој јаде од Него, не умира, како што рекол Хранителот на сите. Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите. Ти, која невино го роди Словото Божјо, вистинската Богородица што ја славиме со молитвите на нашите свети Отци, Господи Исусе Христе, помилуј нè“.

Кога свештените лица зборуваат за постот, секогаш истакнувале три големи гревови, кои се особено опасни. Тоа се гордоста, прејадувањето и непочитувањето на постот.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Телеком донира 6 милиони денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Во овие тешки времиња за целата нација, длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата …