Модна инспирација од Хурем Султан (Мерјем Узерли)

Славната турско-германска актерка Мерјем Узерли, позната по серијата „Мирисот на љубовта“ на Dizi, секогаш е во центарот на вниманието на социјалните мрежи. Со својот талент и природна убавина, таа го освојува срцето на секој, а нејзиниот изглед е тема што не престанува да се коментира. Нејзините објави покажуваат неверојатен стил и елеганција, што ги привлекува нејзините следбеници, кои нетрпеливо ја чекаат секоја нова модна комбинација. Веруваме дека ќе се согласите дека изгледа совршено дури и во наједноставна комбинација. Во продолжение може да погледнете неколку слики кои ги издвоивме како највпечатливи:


Полн погодок модна комбинација на Мерјем шетајќи низ Париз – не може да се згреши со мал црн фустан, зарем не?


Мерјем изгледа прекрасно во овој шарен свилен фустан и розови потпетици, идеално за летните вечери!


Мерјем е родена на 12 август 1983 година во Касел, Германија. Студирала на Драмскиот факултет во Хамбург од 2000 до 2003 година. Нејзината мајка е Германка, а татко ѝ Турчин. Таа ги прифаќа и почитува и двете различни култури и има живеалишта и во Берлин и во Истанбул. Мерјем има двајца постари браќа и една постара сестра. Таа денес е среќна мајка на две ќерки.
Освен со својата модна креативност, таа ги воодушевува своите фанови како актерка која со сигурност може да кажеме дека е многу популарна.

Македонската публика ја запозна и засака како фаталната Хурем Султан во мега популарната серија Сулејман Величествениот, а сега Мерјем воодушевува во серијата „Мирисот на љубовта“ како Селин. Селин е девојка која живее во мало гратче во Франција. Картал е сираче кое е одгледано од Азиз, човекот што го убил неговиот татко. Картал се венча со Есра, ќерката на Азиз. На едно службено патување во Франција, неговиот живот се претвора во бајка кога ја запознава жената со најубава насмевка, Селин. Картал се вљубува во Селин и се чувствува должен да ја остави Есра. „Мирисот на љубовта“ се враќа на Dizi од 12 јули во 18:20 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …