„Модерна традиција“ – изложба на Филип Фидановски

Вечерва, со почеток во 20:30 часот во Музеј на Град Скопје, во рамки на јубилејното 45-то издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе биде отворена изложбата насловена „Модерна традиција“ на Филип Фидановски.

Гостин на изложбата: Маријана Костојчиноска Узунчева
Куратор: Јасминка Намичева


Изложбата „Модерна традиција“ претставува спој на традиционалната грнчарија, која е автентична за македонската традиција и нејзиното трансформирање во модерен визуелен стил со авторски пристап на уметникот. Со оваа изложба, се насочува внимание кон зачувувањето на традиционалниот грнчарски занает, кој е во ризик од исчезнување, и ја илустрира умешноста на авторот преку неговото сликарство во керамиката, кое се смета за една посебна и уникатна дисциплина во керамичката уметност.

Со тоа што се враќа во употреба заборавениот начин на приготвување на храна и го унапредува стариот занает, се цели да се замисли начинот на живеење на модерниот човек и како може да се вклучи традицијата во тој начин на живеење. На изложбата, ќе бидат претставени повеќе традиционални садови кои сè уште се произведуваат, со задржан нивен облик и функција.


Изложбата е концепирана на начин што керамиките ќе бидат поставени на маса која ќе биде прекриена со чаршаф со стилизирани фолклорни елементи и ќе биде сервирана во функција на традиционално послужување на храна, слично на она во домовите и рестораните. Со ова, гледачот ќе има можност да кружи околу масата и да се запознае со културата на сервирање на садовите и нивната основна функција.

Оваа изложба на керамика не само што ќе ги прикаже креациите на уметникот, туку и ќе го поттикне интересот кон традицијата и уметноста во керамиката кај пошироката јавност. Со прикажувањето на традиционалните садови на начин што го сретнуваме во секојдневниот живот, оваа изложба ги обединува минатото и современоста и ја остварува целта за оживување и промовирање на традицијата во модерниот свет.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Не пуштила солза кога умрела Дијана, но тоа го направила во овие 2 ситуации: Зошто тогаш светот ја видел Елизабета како плаче?

Никој не можел да види солзи на лицето на кралицата, освен во овие две ситуации. …