Многу заразна- Оваа бактерија е најголемиот непријател на желудникот: Лесно може да се заразите, а последиците можат да бидат опасни – внимавајте на 1 работа

Ако имате Helicobacter pylori, никогаш не смеете да пиете од исти чаши или да користите ист прибор за јадење и чинии со членовите на вашето семејство.
Оваа бактерија е најголемиот непријател на желудникот: Лесно може да се заразите, а последиците можат да бидат опасни – внимавајте на 1 работа
Helicobacter pylori нè напаѓа најлесно и најбрзо преку валкани раце. Инфекцијата е почеста кај семејствата со повеќе членови, а многу луѓе не ни знаат дека се заразени додека не се појават симптомите. Најчести симптоми се надуеност и болки во стомакот, изразено гадење и нагони за повраќање. Нејзините постапки не се нималку наивни, а еве како најдобро да се ослободиме од неа…


Што ја предизвикува инфекцијата
Покрај оралниот пат, за зголемениот број на заразени лица е одговорен и фекалниот пат. Треба редовно да ги миете рацете, особено по користење на тоалетот.

Какви опасности ни носи
Helicobacter pylori е најчеста причина за гастритис (95 проценти од случаите), но и најважна причина за чир на желудникот и дуоденумот, кои се јавуваат како резултат на хроничен гастритис.


Како да дознаете дека имате Helicobacter pylori
Дијагнозата се поставува со тестирање за присуство на бактерии. Доколку тегобите се благи, тие се бенигни и безопасни во 80 проценти од случаите. Сепак, кај околу дваесет проценти од заразените луѓе, бактеријата може да предизвика посериозни проблеми, како што се чиреви. Ракот на желудникот и дебелото црево се јавува кај околу еден процент од заразените.


СИМПТОМИ:
– болка во желудникот и цревата – гадење – повраќање – киселини – надуеност – лош здив – чувство на ситост – чувство на тежина во желудникот – дијареа

Како да го препознаете ова заболување
Често се јавуваат болки во стомакот, лош здив, рана ситост, надуеност… Крварење од дигестивниот тракт, губење на тежината за повеќе од пет проценти со зголемување на абдоминалната маса, заедно со други симптоми, укажуваат на појава на рак на желудникот.

Какви тестови треба да направиме?
Пациентите кои слушнале за оваа инфекција често сами одлучуваат да направат тест за антитела преку крв, но овој тест не е најдобриот начин да се утврди присуството на Helicobacter pylori. Особено што и по 10-15 години излекување, наодите може да укажуваат на нејзиното постоење во крвта. Најдобрите начини за утврдување на правилната дијагноза се гастроскопија – земање примероци од ткиво на желудникот, т.н. уреа – тест за здив, и тест преку столицата на пациентот. Гастроскопијата е инвазивна анализа, додека вторите се неинвазивни – се препорачуваат за пациенти помлади од 50 години кои немаат никакви алармантни симптоми.

Дали антибиотиците можат да го решат проблемот?
Антибиотиците се повеќе од добредојдени. Терапијата обично се состои од земање два антибиотици, во траење од седум дена. Но, забележливо е дека оваа бактерија многу еволуирала во последните години и треба да се надмине отпорноста кон антибиотици, која денес се јавува кај третина од пациентите. Затоа, комплетната фармаколошка терапија ќе даде резултати по 10-14 дена од третманот, се определува за секој пациент поединечно. Тестот за здив треба да се повтори шест недели по земањето на терапијата.

Што друго треба да знаат пациентите?
Додека се лечат, исхраната треба да се базира на зеленчук – зелка, моркови ги има на пазарите… Добредојдени се и интегралните житарки, особено јачменот и рибата. Месото, особено скарата, треба да се избегнува. За време на третманот не треба да јадете масна, солена, зачинета, лута и пржена храна. За време на земање терапија, се препорачува и употреба на пробиотици за да се избегне дијареа.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната пејачка Бојана Атанасовска-Скендеровски

Бојана Атанасовска-Скендеровски, е родена на 14 февруари 1984 година во Скопје. Таа е позната македонска …