Младите родители Наташа и Трајче Динови од Неготино со апел: Помогнете ни да ја спасиме нашата ќерка, Николија


Николија Динова е деветмесечно бебе кое боледува од голем “Porenzephaler”, дефект на мозокот и мозочни грчеви кои секојдневно се влошуваат. Потребно е лекување во Германија за кое се потребни големи финансиски средства. Нејзините родители битката против болеста не можат да ја добијат сами и неопходна им е помошта од добрите луѓе за да успеат да ги соберат неопходните средства за лекување во странство. За таа цел КУД „Јане Сандански“ од Неготино одржа хуманитарен концерт, а средствата собрани на истиот ќе бидат донирани за лекување на малата, пишува канал77.

Инаку на крајот на минатиот месец Општинската организација Црвен Крст Неготино и Клубот на млади при ООЦК Неготино организираа хуманитарен концерт, но средствата кои беа собрани се многу малку за да се подмират болничките трошоци кои за почеток изнесуваат околу 11 000 евра. Во акцијата за спас на малата Николија се вклучија и младите од градот, кои со кутии в раце од врата на врата, се обидуваат да соберат денар повеќе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Велигденска традиција во с. Градец – празнична магија под отворено небо

Со голема радост Ве покануваме на манифестацијата „Велигденска традиција“, која оваа година за првпат ќе …