Младиот и талентиран пијанист Гоце Златев, после освојувањето на срцата од виенската и париската публика, овој пат ќе може да го видиме на солистички концерт во Македонска Опера и Балет.
Основното музичко образование го започнува во Штип на осум годишна возраст во класата на Проф. Гоце Костадинов, а од 2017 година учи во Скопје во ДМБУЦ ” Илија Николовски – Луј” во класата на Проф. Д-р Славица Мицовска- Смилевска. Во текот на своето музичко образование учествува на повеќе Државни и Меѓународни натпревари и добитник е на многу награди.
Концертот ќе биде во среда, 12 јуни со почеток од 19 часот. Според најавата се очекува музичка изведба од делат на Баx, Бетовен и Лист.