Секоја година на 11 декември се одбележува Интернационалниот Ден на планината преку различни настани кои адресираат одредена тема која е од огромен значај за планините, луѓето, флората и фауната и светот воопшто.
На 10 декември 2023 година во Планинарски дом Даре Џамбаз ќе се одржи младинска планинарска работилница – „Планините се важни“ со што ќе се одбележи Интернационалниот Ден на планината.
Оваа година темата е Обнова на планинските еко-системи (Restoring mountain ecosystems). Веќе познатиот хаштаг во интернационалната планинарската заедница #MountainsMatter и оваа година е во функција. Употребувајте го на сите фотографии, приказни и видеа кои ќе ги посветите на овој значаен датум.
Оваа година Младинската секција на планинарскиот клуб Убава заедно со Младинска Комисија при ФПСМ и ФПСМ по повод Интернационалниот ден на планината организира Младинска планинарска работилница за млади од 12-15 години на тема – Обнова на планинските еко-системи.
Програма:
-Организирано искачување до врв Крстовар 1066,74 м со старт во 08:30 часот (една или две патеки по кои ќе се движат младинците заедно со планинарски водичи, најверојатно една група од Германска амбасада, а друга група од Полициска станица Водно)
-Со почеток во 11:00 часот ќе започне работилницата која ќе се случува во домот Даре Џамбаз на која ќе се обработуваат следните теми:
• Планинските еко-системи се витални за животот
• Здрави планини се важни за биодиверзитетот
• Планинските еко-системи се под закана од загадување
*Материјалите за изработка на проектите ќе бидат обезбедени од организаторот, освен оние кои ќе ги сретнеме и собереме по самите патеки на искачувањето кон Крстовар.
Интернационалниот ден на планината 2023 под името Обновување на планинските еко-системи е шанса да се зголеми свесноста за важноста на планинските еко-системи и повик за природни решенија и најдобри пракси кои ќе допринесат во борбата со климатските промени и загадувањето.
Ако ја зголемиме свесноста и потребата од заштита на водата, воздухот и почвата, флората и фауната преку ширење на планинарското словото кај младите, шансите за зачувување и обнова на планините и планинските еко-системи повеќекратно се зголемува.
Бидејќи ако ги промениме младите ќе го промениме светот.
Опрема:
• Ранец
• Високи планинарски кондури со непролизгувачки ѓон
• Облека соодветна на времето, вклучително резервни чорапи, јакна, долги панталони, ракавички, капче, облека за преслекување
• Прибор за лична хигиена, влажни и суви марамици
• Батериска лампа и челна лампа
• Стапчиња за планинарење
• Основна прва помош