*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Младата месечина кај Близнаците носи нов почеток и реализација на плановите
Доколку мислите дека ништо не ви оди како што треба или дека многу работи се на чекање, тогаш треба да знаете дека за само еден ден (18.06.) ќе пристигне Младата Месечина во Близнаци, која ќе донесе нов почеток и реализација на плановите.
Близнаците се воздушен знак поврзан со комуникација, интелект и размена на информации.
Младата Месечина во Близнаци носи енергија која е динамична, брза и разиграна. Овој аспект може да донесе освежување и нова перспектива, особено во областите на комуникацијата, учењето и размислувањето. Близнаците се знак кој сака промени и различност, па тоа може да се одрази на начинот на кој се изразувате и комуницирате со другите во овој период.
Оваа млада Месечина може да поттикне и ментална стимулација и љубопитност. Можеби чувствувате поголема потреба да истражувате нови идеи, да учите и да споделувате информации со другите. Може да биде добро време да започнете нови проекти, да се запишете на курсеви или да најдете начини да ги проширите своите знаења и вештини.
Повик кој менува сè
Младата Месечина во Близнаци е важна бидејќи укажува на нов почеток, а тоа најмногу се однесува на деловните потфати. Што значи дека ако сте чекале да се развие некоја ситуација или повик поврзан со работа, тоа конечно ќе се случи.
Ефектите од младата Месечина во Близнаци ќе ги видиме наесен кога конечно ќе се остварат плановите на кои работиме сега.
Нов животен циклус
Исто како што полната Месечина го претставува крајот на циклусот, така и младата Месечина навестува нов почеток во животот и енергија која ќе нѐ задоволи сите.
Младата Месечина во овој знак може да поттикне социјални активности, средби со пријателите и разговори со луѓе. Ова може да биде поволен период за воспоставување нови контакти и проширување на мрежата на познанства.
Младата Месечина во Близнаци ќе биде важна за сите хороскопски знаци, особено за Близнаците, Терезиите и Водолиите.
Фото: Илустрација