Министерот за култура и туризам го посети археолошкиот локалитет Стоби

На 16 јануари, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, го посети археолошкиот локалитет Стоби. Тој во својата објава вели:

„Денеска имав привилегија да го посетам Стоби, нашиот значаен археолошки локалитет кој крие безброј приказни од минатото. Иако за жал, во последните години не доби доволно внимание и средства, мојата посета потврди дека овој уникатен локалитет заслужува нова светлина.


Директорката Силвана Блажевска ме информираше дека Стоби годишно привлекува околу 20.000 посетители, и не е чудо зошто! Со автентичните сувенири од сувенирницата, секој може да понесе дел од нашата историја дома. Како Министерство за култура и туризам, сме решени да го обновиме сјајот на Стоби преку финансирање на проекти од национален интерес и зголемување на свеста за нашето непроценливо културно наследство.

Време е да ги поврземе сите споменици на култура и винарии во регионот во една незаборавна туристичка авантура“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од машки агол – 11 лаги кои мажите и ги кажуваат на жената со која се во врска

Понекогаш тоа се мали и невини лаги кои мажите ги кажуваат затоа што не сакаат …