Мила Србиноска гордо го вее македонското знаме на Европското првенство во хип хоп по освоениот бронзен медал

Вчера (23.06.2024) започна Европското првенство во хип хоп во Жнин, Полска – „HIP HOP BATTLE & BREAKING CHAMPIONSHIPS“ и ќе трае до четврток. На овој престижен танцов турнир учествуваат околу 2.000 танчери од целиот свет, а Македонија ја претставуваат наши две учеснички Мила Србиноска и Магдалена Ѓоргијовска, кои се дел од танцовото студио „Break A Leg“.

Мила Србиноска од „Break A Leg“ испиша голем успех, односно освои трето место во јуниорска категорија, во силна конкуренција од 48 натпреварувачки. Македонија доби бронзен медал благодарение на одличниот настап на Мила, која гордо го вее македонското знаме во Полска.


„Многу се радувам за освоеното трето место и за освоениот бронзен медал на Европското првенство во хип хоп танци 2024 година. Оваа победа ми значи многу, пред сѐ затоа што ова е еден од најпрестрижните натпревари во хип хоп, но и што ја оправдав довербата од целата екипа на Break a leg. Конкуренцијата беше многу силна и затоа овој успех ми значи уште повеќе. Се надевам дека до крајот на Европското првенство, заедно со Магдалена Ѓоргијовска ќе постигнеме уште поголеми успеси, со што ќе ја претставиме Македонија во најдобро светло.“ – вели Мила Србиноска.

Нашите претставнички на Европското првенство ќе се натпреваруваат и во наредните денови во неколку различни категории. Магдалена Ѓоргијовска ќе се натпреварува во категориите хипхоп и поппинг соло, како и дуо со Мила Србиноска.


Помеѓу 2.000 танчери од различни краеви од светот, Мила Србиноска е одличен амбасадор на Македонија во светот на хип хоп танците, затоа што покажа талент, дисциплина, борбеност и желба за уште поголеми успеси.

Македонија се гордее и ги бодри Мила Србиноска и Магдалена Ѓоргијовска во текот на Европското првенство во хип хоп во Жнин, Полска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …