Метео прогноза на Славчо Попоски:
Поради влијанието на студената воздушна маса која се спушти од север кон Балканот и во Македонија, но и поради целосното разведрување, денес (вторник) во утринските часови ќе биде особено студено, па така минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.
Поради ваквата состојба, на повеќе места во Македонија, особено во повисоките населени места, во Беровскиот регион,како и на планините е можна појава на слана и на мраз. Токму поради ова, апелираме земјоделците навремено да ги заштитат своите земјоделски култури.
Инаку до среда температурите преку ден ќе бележат тенденција на постепен но не многу голем пораст, додека од четврток следува нова поголема промена на времето, пониски температури и пообилни врнежи од дожд.