МЕРКЕЛ СЕ ПРОТИВИ НА НОСЕЊЕТО МАСКИ:„После половина час носење толку се влажни што и самите го пренесуваат вирусот!“

Додека сите се прашуваат дали треба да носат маски, судејќи според ставот на германската канцеларка Ангела Меркел, тоа не е многу пожелно.
Денес, таа се консултирала со премиерите на германските сојузни покраини, преку видео повик, за да разговара за наредбите за задолжително носење маски. Имено, по предупредувањата од Австрија, и германските провинции започнале да ги обврзуваат граѓаните да носат маски на јавен простор. Прва оваа мерки ја вовела Тирингија.
Според „Билд“, Меркел за време на средбата предупреди дека неправилното носење маски може да доведе до ширење на вирусот.
„Секој знае дека по половина час маската станува толку влажна што самата станува носител на вирусот“, рекла Меркел.
Повеќе детали за одлуките на германските власти ќе бидат познати по завршувањето на средбата меѓу Меркел и премиерите на сојузните држави.
Да потсетиме дека Австрија веќе воведе задолжително носење маски. Така, големите маркети на секој клиент во Австрија му даваат заштитна маска на влезот. Австрискиот канцелар Себастијан Курц рекол дека мерката може да се прошири и на други работни места.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како да ги поминете празниците без вишок килограми?

Во потрага сте по хранлив заменски оброк за управување со тежината? Брзото темпо на современиот …