(МЕНИ) ЕФИКАСНА ДИЕТА НА РУСКИ БАЛЕРИНИ: Топи килограми за неколку дена

Ако сакате да изгубите тежина, можеби ќе ве интересира диета специјално дизајнирана за руските балерини.
Планот на исхрана се заснова на форсирање на еден вид намирница секој ден, а на овој начин е можно да изгубите и до пет килограми за една недела.

Секако, се препорачува прво да се консултирате со вашиот лекар пред било каква диета.


Неделно мени:
Ден 1.
Првиот ден е дозволено да се јаде кој било зеленчук без ограничување: печен, сиров, варен. Јадењата треба да се подготвуваат без масло, сол и лути зачини и важно е да се пие многу вода.

Ден 2.
Следниот ден на менито е месото. Се препорачува пилешко или од мисирка. Вкупно – 800 г месо распоредено во еднакви делови во текот на денот.


Ден 3.
На овој ден е дозволено околу 1 кг овошје и 400 мл кефир или јогурт.


Ден 4.
Четвртиот ден се јаде само супа во неограничени количини. Овој ден ќе направи целосна детоксикација на телото.

Ден 5.
Распоредете 800 гр риба во три оброци и со неа јадете зелена салата или зелка во неограничени количини.

Ден 6.
Ден за каша, овес, хељда и ориз. Не јадете повеќе од 700 г производ дневно.

Ден 7.
На последниот ден од диетата, на менито е неограничен зеленчук.

Во овој период се препорачува лесна физичка активност за забрзување на метаболизмот и согорувањето на калориите.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …