Мажите повеќе страдаат по раскинувањето

Мажите биле поемотивни и кога станува збор за болка во споредба со жените
Во меѓувреме, дамите повеќе зборувале за нивните грижи во врска со вознемирувањето, финансиите, далечината и домашните работи.

Шарлот Ентвистл, водечки автор на студијата, рекла:
„Фактот што мажите почесто разговарале на тема повреденост и болки во срцето нагласува дека мажите се подеднакво емотивно погодени од проблемите во врската како и жените“.
Истражувачите исто така забележале дека повеќето мажи барале поддршка додека проблемот со врската бил во рана фаза. Девојките, пак, биле склони да бараат помош кога ситуацијата веќе станала критична.


Мажите биле посигурни во својата врска отколку жените
Јазикот што го користи секој пол, исто така, открил одредени обрасци. Жените наводно користеле повеќе самофокусиран јазик (зборот „јас“) и имале повеќе негативни емоции во нивните објави. Ова ги навело да веруваат дека дамите главно биле во преокупирана состојба на приврзаност – стил на приврзаност што се карактеризира со сомневање во себе, што обично води до несигурност и вознемиреност.
Спротивно на тоа, мажите повеќе ја користеле заменката „ние“, заедно со зборовите за припадност и позитивни емоции.
Сепак, исто така е важно да се забележи дека корисниците кои беа идентификувани со состојба на отфрлање на приврзаноста – или оние кои не ги вреднуваат врските – главно биле мажи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) АМЕРИКАНСКИ ДОКТОР (79) ОТКРИЛ 5 ПРАВИЛА ШТО ГИ СЛЕДИ И ГАРАНТИРА ДЕКА ГО ЧУВААТ ДОБРОТО ЗДРАВЈЕ И НЕРВИТЕ: „Немам оправдување да кажам дека имам лош ден бидејќи јас сум одговорен за мојот ден“

Џефри Бленд, американски лекар и основач на Институтот за функционална медицина, целата своја кариера ја …