За културното наследство на Крива Паланка и кривопаланечко на 21 август беше одржан првиот мастер клас во рамки на 19 Меѓународен фолкорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски” насловен „На Јаким”.
Предавач на мастер класот беше етнокореологот Бојан Петковски.
Вредни информации за облековната култура и разликите од Западниот и Источниот дел на Славиште, за посебните карактеристики на етничкиот предел Дурачка Река, за традицијата на народната носија како една од највредните елементи на припадност беа претставени на мастер класот пред бројната публика во кино салата на НУ Центар за култура.
По завршувањето на предавањето беше прикажана филмувана реконструкција „Не плети Лесо”, посветена на обичајната култура на Дурачка Река, така што со овој настан и планираниот семинар етнокореологија, збогатен е целокупниот програмски концепт на годинашното издание на меѓународниот фестивал, деветнаесетти по ред.
Во рамки на 19 Меѓународен фолклорен фестивал “Свети Јоаким Осоговски” се одржа и семинар на тема „Традиционалната култура од кривопаланечко” со предавачите, професорите: Зоранчо Малинов, Родна Величковска и Стојанче Костов.