МАКЕДОНСКИТЕ СТРИП АВТОРИ ДОМИНИРААТ ВО СПИСАНИЈАТА НА СТРИП ЦЕНТАРОТ ОД ВЕЛЕС


 

 


Излегоа од печат списанијата ,,Стрип КРЕАТОР” бр.37 и 38 и ,,Стрип АЛМАНАХ” бр.8 во издание на Стрип центарот на Македдонија – Велес. Истите се финансирани преку Годишната програма за издаваштво на Министерството за култура и туризам на РС Македониа.

СТРИП КРЕАТОР  е единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 кадешто доста македонски автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела(доста од нив и дебитантски).Овде на македонски јазик се објавуваат подобрите странски но и домашни автори од традиционалниот мегународен стрип конкурс .


Во бројот 37 меѓу другите застапени стрип дела на ;Марко Стојановиќ , Марко Николиќ од Србија Никола Видацковиќ -Хрватска , Миодраг Бунијевац-Србија, Ведат Шабанаџовиќ –БИХ  , Даниел Даниел –Романија но и македонските  автори; Дарко Богданов, Александар Стеванов,Кана Бутеска, Теодора Христова, Војдан Андонов и Александар Бараковски.

Во број 38 се  застапени и Милан Јовановиќ, Влада Алексиќ, Дражен Ковачевиќ, Аљоша Томиќ-Србија ,Разван Бронеску-Романија , Маја Перак –Хрватска ,Димитрис Аврамопулос-Грција …како и Александар Танчовски, Елена Апостоловска, Методија Стојановски и Александар Танчовски од Македонија.


Што се однесува до  ревијата „СТРИП АЛМАНАХ’  тоа е издание кадешто  се застапени  стрипови на македонски автори( и по некој од други земји) под сценарио на Ване Трајков и ги завршуваат за време на мегународната стрип колонија во Велес.Во број 8 се објавени дела нацртани од : Илко Стојановски, повторно Методија Стојановски, Славица Купенкова, Ѓургица Варела, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска,Дарко Бојовски , Мартина Величковска  како и гостинот Ивица Сретеновиќ од Србија.

Овие изданија на Македонскиот стрип центар  ,како и сите претходни, во добар дел се делат на разни институции, фестивали и стрип и настани  во нашата и  други земји , но можат и да се набават преку следниот е маил:          vanecomic@yahoo.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …