Македонскиот народен театар после 22 години ќе учествува на 70. „Стериино позорје“ во Нови Сад


Македонскиот народен театар со особена чест ја прими веста за селекцијата за учество на 70. „Стериино позорје“, Нови Сад. На вчерашната прес-конференција, од страна на д-р Ана Тасиќ – селектор, д-р Мирослав Радоњиќ – директор на „Стериино позорје“ и Горан Ибрајтер – извршен директор на „Стериино позорје“, беа соопштени селектираните театарски куќи и претстави. Во селекцијата е и нашата претстава „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин.

Овогодишното 70. „Стериино позорје“ ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни 2025 година, под мотото „Создавање историја/менување на иднината“. Покрај МНТ во натпреварувачката програма учествуваат и: Загребачко казалиште младих, Црногорско народно позориште, Атеље 212, Југословенско драмско позориште, Српско народно позориште, Нови Сад и други.


Последното учество на МНТ беше пред 22 години на 29 мај 2003 година со претставата „Павиљони“ од Милена Марковиќ, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Последните награди кои ги добива МНТ се на тогашните 30. Југословенски театарски игри „Стериино позорје“, Нови Сад, што се одржа од 26 мај до 3 јуни 1985 година: Награда за претстава во целина за „Среќна нова ’49“; награда за режија за Слободан Унковски за „Среќна нова ’49“; награда за актерско остварување на Ненад Стојановски за улогата на Пиги во „Среќна нова ’49“ и награда за сценографија за Динка Јеричевиќ за „Среќна нова ’49“. Следната 1986 година, наградата за особени заслуги ја добива и режисерот Димитар Ќостаров.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …