Вчера, директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, беше во официјална посета и оствари средба со директорот на Националната опера и балет (МОБ), Оливер Арсовски, каде што се потпиша Меморандум за соработка меѓу двете институции.
Во согласност со изразената желба на двете институции за развивање партнерски односи, дефинирање на конкретни програмски активности, како и подобра соработка во областа на стручен кадар или кадар на обука или дообука во доменот на сценско-техничките активности за време на подготовки или изведби на театарски, музичко-сценски дела или други изведби, алати, машини, материјали и помошни средства за изведување на конкретни потреби на работилниците за изведба на сценографски, бутафористички или други помошно-технички средства за продукција на театарски, музичко-сценски и други изведувачки дела, сценографски елементи, костими, реквизита, техничка (аудио, видео, светлосна и друга) сценска опрема потребна за изведби на дела од тековен репертоар, гостувања или фестивали со цел афирмација на културата. Сцени, сценски простор, помошно-технички простории, фундус и магацински простор, како и развивање и управување со проекти финансирани од Европските фондови.