МАКЕДОНСКИОТ БЛОКБАСТЕР TE DUA, ЖИМИ МЕНЕ ЕКСКЛУЗИВНО НА ПЛАТФОРМАТА GLEY


„Te Dua, жими мене“ е независен филм работен во 2019 година и бргу по својата премиера го зазеде местото на најгледан Македонски филм. Од Cineplexx известија дека е најгледаниот домашен филм на сите времиња, а показател за тоа беа полните кино сали за кои се бараше карта повеќе. Филмот кој поставува рекорд од 8 кино проекции во еден ден и над 1000 гледачи сега ексклузивно е достапен на платформата gley.mk. Од Емперор Продукција известуваат дека Te Dua, Жими Мене наскоро ќе стане достапен и за странските гледачи кои во голем број изразуваат заинтересираност за филмот.

Комедијата „Te Dua, жими мене“ ја доби награда за најдобар игран филм на фестивалот „SoundScreen“ во Равена, Италија. Ова е второ меѓународно признание откако во 2023 доби награда од публиката на Филмски фестивал во Тирана, Албанија. Социјалната комедија обработува плејада тематики, од лажна љубов преку пријателство, религија, феминизам, криминал, па сé до вистинска љубов. Филмот на површина го извлекува заедничкото, човечката емоција.


Главните ликови ги толкуваат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ, а играат и: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Мирсад Абази, Талија Настова, Елдин Широки, Исмаил Касуми, Надица Петрова, Сара Спиркоска, Ангела Димитрова и Флакрон Алиу.

Филмот е во режија на Марјан Гавриловски, а сценариото го потпишува Никола Кузелов. Позади оригиналната музика стои Валентин Видовиќ, а зад камерата Александар Карпузовски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Повеќе од екран: Како вештачката интелигенција ја обликува следната ера на ТВ-индустријата

Директорот за управување со производи за европски ТВ и аудио уреди во Samsung, Чарли Беј, …