Македонскиот бестселер „Се гледаме на врвот“ ја освои Тирана

Голема промоција на најпродаваниот македонски автор во Тирана, за промоцијата се чекаше во редици
 Вчера вечер, во Центарот за дијалог на албанскиот премиер Еди Рама, беше промовирано албанското издание на македонскиот бестселер „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров.Промоцијата на еден од најпродаваните современи македонски автори, во Тиранапобуди голем интерес и беше дочекана со редици заинтересирани граѓани.

“Се гледаме на врвот е книга за сите што веруваат во себе и секојдневно работат на себе. Патувањето низ мојата животна приказна е патување полно со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. Книгата поттикнува и мотивира на активистички однос кон животот. Пресреќен сум што книгата од денес е достапна насекаде низ Албанија и се надевам дека ќе ве поттикне да ги остварите вашите соништа”, кажа Коста Петров на промоцијата.


Во Албанија, издавач на книгата е БотиметТоена.

Првото издание на „Се гледаме на врвот“ беше промовирано во јануари 2013 година и од тогаш книгата е продадена во повеќе од 12,000 примероци. Петров, покрај овој бестселер, има издадено уште три книги, „Стравот“, „Нашето последно кафе“ и „Никој не рече дека ќе биде лесно“, чиј превод на други јазици се очекува наскоро.


 

 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската претстава „Којзнае зошто?“ вечерва во Дом на млади во Штип

Вечерва, со почеток во 19:30 часот, во Домот на млади во Штип, ќе биде изведена …