Македонски навивач на Олимпико со гест за кој зборува цела Италија (Видео)

Фер ривалство и почит за противникот се начелата на секој спорт, а тоа на дело го покажа наш навивач на Олимпико, со гест за кој зборува цела Италија, пишува Златна копачка.

Нашите навивачи беа сместени на „северниот“ дел на Олимпико, во боксот за гостински навивачи кога игра Рома на овој стадион. Татко и дете Италијанци, се спуштаа по скалите, а еден од нашите навивачи го повика таткото да го донесе „малиот“. Италијанецот на почетокот беше збунет зошто нашиот навивач ги повикува, но по гестикулацијата, се приближија.


Македонскиот навивач му подари шал на малото детенце, а тоа возврати во ист манир, подарувајќи му шал Италија на македонскиот навивач.

Секоја чест дечки!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање – на денешен ден во 2018 година не напушти актерката Љупка Арсова-Џундева

Љупка Арсова-Џундева била родена на 11 јули 1934 во Скопје. Истакната македонска театарска, филмска и …