“Македонија живее” – Голем музички настан по повод 8-ми Септември


Општина Гази Баба и оваа година организира голем музички настан по повод 8ми Септември, Денот на Независноста на Република Македонија. Настанот ќе се оддржи на ден 05.09.2024 година (четврток) со почеток во 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда. Мотото под кое оваа година ќе ја славиме независноста на Македонија е “Македонија живее”.

Во музичкиот дел од настанот ќе имаме можност да уживаме со Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Ансамблот за народни песни и ора Јонче Христовски и хорот Св. Злата Мегленска, а сите присутни ќе имаат можност и да го проследат уметничкиот перформанс “Македонија е жива” изведен од македонски актери и вокално инструменталната група Аманет.


Општина Гази Баба подготви програма која ќе направи настанот да се памети и за него долго да се зборува.
Ве повикувам сите да дојдете на плоштадот во Автокоманда и заедно да ја славиме нашата Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Црквите и манастирите во Гевгелиско“ – Изложбата на фотографии

На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, на перонот на Железничката …