Македонија го загуби амбасадорот на народната песна: Почина Ѓорѓи Желчески

Топлиот и племенит пејач, Ѓорѓи Желчески не напушти во 82. година…
Ѓорѓи Желчески, честопати е нарекуван „амбасадор на македонските песни“.

Прилепскиот пејач нè напушти на 82-годишна возраст. Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година. Желчески беше оженет со пејачката Кевсер Селимова со која живееше во Белград, а летните месеци ги минуваа во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска.


Селимова и Желчески имаат едно дете – ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година.


Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” итн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржале концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот-пет децении творештво.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот истакнат писател Сашко Насев

Сашко Насев е роден на 4 октомври 1966 година во Кочани. Дипломирал општа и компаративна …