МАКЕДОНЕЦОТ ВИКТОР НАСТЕСКИ ОСТАНА БЕЗ РАБОТА НА БРОДСКА КОМПАНИЈА ПОРАДИ ПАСОШОТ!

Штетите од хаосот со личните исправи на македонските државјани, предизвикани од предавството на марионетската влада на Македонија се огромни. Меѓу Македонците и македонските државјани во светот има безброј стории со лични драми и непријатни случаи, објави Тодор Петров ос Светски Македонски Конгрес на Фејсбук.

Личната драма на Виктор Настески (44) од Скопје е само една од многуте, последица на неодговорноста на марионетската влада на Македонија.
Виктор Настески работел како шеф на кујна (Executive Chef) на крузер за бродската копанија “P&O Cruises“, но останал без договор за вработување, бидејќи имал невалиден пасош.


Споделено на социјалните мрежи, самиот Настески вели дека неговата компанија е зачудена како ова може да се случи?!

“Е, па, другари и другарки толку беше! Договорот скратен поради невалиден пасош и поради фактот дека патниот лист е само за во еден правец – до родната земја. Така мене не ми е дозволено да го продолжам патувањето и да го завршам својот договор! Бродов со 1.800 гости и 820 вработени останува без “Executive Chef”! Мојата компанија е во неверување како е ова можно, се чудат и се крстат! Замена “Executive Chef” преку ноќ, на овој крај од светот, неможе да се најде! Мојот тим од 170 вработени остануваат без својот лидер! Мојот работодавец останува со огромни финансиски загуби! Јас, исто така, со финасиски загуби, искинати живци и ноќи непреспиени! Тонам во очите на мојата компанија, понижен како никогаш досега! И сето ова поради непособноста на оваа власт да изнајде решение и да го продолжи рокот за пасошите, да можеме да си ги завршиме договорите и како нормални луѓе да се вратиме дома! Да не се повторувам за тешкотијата во која се наоѓаат морепловците за да го извадат овој патен лист! Тие решија скроз да не’ понижат и уништат!“ – пишува Виктор Настески.


Виктор Настески ја прашува власта, дали е свесна каква штета им прави на граѓаните ширум светот, на бродските компании, како и на сите работници?!

“И што е најтрагично, вас не ви чуе бе какви штети направивте! Вие сте бе една багра неспособна, која никогаш не му се случила на човештвото! Не познавам друга земја во светот која го сторила ова на својот народ! И сега дома во нови нервози: Дали ќе успеам да го извадам пасошот на време, за да се вратам на следниот договор! Ниту власта, а ниту пак опзицијата, не помогна во врска со сета оваа каша попара, едноставно не се ни потрудија да направат нешто! Единствената позитивна работа од ова е што набрзо ќе бидам со своето семејство! А, вие, кога тогаш, ќе платите за сите овие неправди и маки“, – додава Виктор Настески.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …