МакеДокс објави Повик за волонтери


Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм МакеДокс се одржува во Скопје од 2010 година. Оваа година е јубилејното 15-то издание на фестивалот и истиот ќе се одржи од 15 до 22 август 2024 година.

МакеДокс ги повикува сите, но и оние кои до сега не успеале да се придружат, да се пријават, најдоцна до 15 јули на незаборавното петнаесетто издание.


Што сѐ можеш да правиш како волонтер на МакеДокс?

– да лепиш плакати низ Скопје
– да местиш столици и да ги спремаш локациите за проекција
– да продаваш мерч на штанд
– да помагаш со ручек и закуски
– да помагаш на шанк
– да бидеш дел од службата за гости
– да помагаш на денските работилници и мастеркласови
– да помагаш со сценографија
– да бидеш дел од фото тимот


Волонтерите се потребни од 7 до 23 август 2024 година.

Формуларот за пријава можете да го најдете на следниот линк: http://makedox.mk/mk/povik-za-volonteri-na-15-makedoks-2/oglasna-tabla/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Енергија директно од природата: Nutrino Lab Energy Boost – нова природна линија на производи од Baby Food Factory

  Заборавете на сите брзи решенија за енергија, бидејќи вистинската, трајна енергија доаѓа од природата. …