Маалски игри без граници 2024

Да ја вратиме традицијата на маалската игра и дружба. Денес од 12  до 20 часот во паркот “Авионче” – Ново Лисиче, Општина Аеродром ќе можете да присуствувате на Маалски игри без граници 2024.

Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е сѐ помалку присутно во скопските населби, a во минатото тоа беше препознатлив симбол на маалскиот живот кај скопјани.


Модерното време ја донесе дигитализација, децата се оттргна маалата и играта, а тоа придонесе децата сѐ помалку да се социјализираат.

Нашата цел е реафирмирање на маалските игри без граници кои се подзаборавени под налетот на новите технологии и виртуелните електронски игри. Исто така, наша цел е да се промовираат и поттикнат здрави практики преку спортување и дружење, како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на децата и младите.


Децата ќе имаат можност да научат и да се натпреваруваат во народна, грабни стапче, плочка, влечење со јаже, граница или сакате ли војна.

Забавни активности со 6 џиновски замоци, многу музика и изненадувања. Маалски игри без граници – настан за целото семејство. Ве очекуваме!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …