3. Крем со заштитен фактор
Проблемот што УВА и УВБ сончевите зраци го предизвикуваат на нашата кожа е голем и неповратен, а единствениот начин да се заштитиме од овие штетни ефекти е редовно да нанесуваме производи со висок заштитен фактор. Меѓу другото, редовната примена на креми со висок заштитен фактор ќе спречи формирање на темни дамки на кожата и ќе ја зголеми видливоста на лузните предизвикани од штетното сончево зрачење.
4. Нежен пилинг
Изберете нежни производи за вашата рутина за чистење на лицето бидејќи секој агресивен производ ќе го влоши воспалението и ќе остави лузни или дамки на кожата. Можете да пробате со палента – ставете палента во филџан од кафе и натопете ја со вода, нежно измешајте и истријте го лицето. Овој пилинг често го користела славната Џејн Фонда. Или можете да се обидете со шеќер во прав и нежно детско масло. Од двете состојки направете густа каша и истријте го лицето, но можете и целото тело. Секако после секој пилинг кожата на лицето (и телото) треба убаво да се исплакне и намачка со хидратантен крем.