Лозано и бендот со двочасовен концерт во Маврово на 2-ри август!


Миленикот на публиката, еден од нашите најпопуларни пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано за празникот „2-ри Илинден“ ќе настапи во Маврово.
Поточно, Лозано заедно со својот бенд ќе одржат двочасовен концерт во ексклузивниот ресорт „Радика“, а гости се очекуваат од повеќе градови на нашата земја, со оглед на тоа дека овој познат туристички центар е преполн за овие празнични денови…

This image has an empty alt attribute; its file name is lozano-koncert.jpg


„Ова е мој прв настап во Маврово како што паметам и искрен да бидам многу се радувам. Сум пеел скоро во сите градови во Македонија, но ова ќе биде прв настап во Маврово. Јас сум сигурен јас и мојот бенд ќе го дадеме максимум од себе и дека ќе направиме концерт за паметење“ – накусо изјави популарниот пејач.
Инаку Лозано цело лето има набиена агенда со настапи. Неодамна беше настапот на „Пиво-фест“ во Прилеп, па на 30-ти јули следува заедничкиот концерт со „Некс Тајм“ на „Антички театар во Охрид“, па на 2-ри август во Маврово, па потоа Струмица, Кичево, Богданци и уште неколку други градови…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МНТ ќе биде изведена театарската претстава „12“

Во Македонскиот Народен Театар во Скопје, денес, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена …