Логин Кочишки доби Глобална награда за посветеност на естрадните уметници

Логин Кочишки е добитник на првата, инаугурациска награда за пионерски белег на музичката сцена, „TRAILBLAZER AWARD“ од – Меѓународниот Форум на Музички Менаџери (IMMF). Доделувањето на наградите се одржа денеска во Ријад, Саудиска Арабија за време на „Riyadh Music Week“.

Награда е креирана како светско признание за тимот за артистите, за професионалците со различни нивоа на комерцијален успех, но кои секогаш демонстрираат посветеност, стратегија и вредност за музичарите.


Наградата во име на Логин Кочишки ја подигна Иван Миливојев (YOUROPE, основач на Exit Festival) кој изрази огромна благодарност до IMMF и Jake Beaumont-Nesbitt за оваа чест.

Убавата вест од Ријад пристигна утрово, кога тукушто се означи крај на Taksirat festival 2024, па радоста надоврзана на неверојатната енергија од синоќа сега е двојно поголема за целиот тим во Password Production.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СЕ ПРИБЛИЖУВА МЕСЕЦОТ НА ЉУБОВТА: Овие 5 знаци треба да се подготват

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …