Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења” во „Градот на културата” ќе донесе стихови од бројни македонски автори и автори – учесници од соседните држави.
Манифестацијата ќе се одржи денес на Летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, со почеток во 20:00 часот.
Поезијата од искусни и современи поети од Штип , Струмица, Скопје и Ќустендил, надополнета со поетски изблици од надежните млади поети од Крива Паланка, ќе понудат трепетлива лирска вечер во августовската квечерина.
Настанот се одржува во рамките на “Кривопаланечко културно лето” и „Крива Паланка – Град на културата“.