Во вторник, на 4 февруари 2025 година, во Младинскиот Културен Центар – Галерија 2, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на дела од Христо Петрески со наслов „Линии и бои (интроспекции)“.
Уметноста нема граници – таа е игра на линии, форми, бои и зборови што се прелеваат во едно заедничко значење. Изложбата „Линии и бои (интроспекции)“ на Христо Петрески е токму тоа – дел од неговиот уметнички мозаик, фрагмент од времето и просторот.
По свеченото отворање, македонски писатели ќе читаат родољубива поезија.
Изложбата ќе биде отворена до 14 февруари 2025 година.
Христо Петрески, писател, сликар и ликовен критичар, досега има одржано над 20 самостојни изложби и учествувано на меѓународни ликовни колонии. Тој е основач на Мултимедијалната колонија во Битола и на Галеријата на познатите во Скопје. За неговото сликарство пишува и Невенка Томиќ, истакнувајќи ја уникатноста на неговите портрети, симболиката на корените, и оптимистичките мотиви што зрачат низ неговите дела.
„Големите дела настануваат поради големата болка или преголемата радост! Христо, со своите дела, секогаш е во потрага по Убавината и Вистината.“ – Невенка Томиќ.
Бидете дел од патувањето низ линиите и боите на Христо Петрески!