При изборот на животен партнер, лесно е да се фокусирате на површни особини како шарм, изглед или заедничка смисла за хумор.
Сепак, квалитетниот сопруг често се препознава по суптилни, секојдневни постапки кои можат да останат незабележани. Наместо големи акции, малите нешта покажуваат кој е добар партнер „на долги патеки“.
Брачниот советник Тина Феј објаснува кои квалитети се клучни за стабилна и исполнета врска. Таа тврди дека во свет во кој сите сакаат да бидат слушнати, важно е да имате партнер кој не само што го слуша туку и го цени вашето мислење.
„Ова не значи дека вашиот партнер мора секогаш да се согласува со вас, бидејќи несогласувањата се природен дел од секоја врска. Клучот е што тие искрено ве почитуваат и ги земаат предвид вашите ставови кога донесуваат одлуки. Ако вашиот партнер сака да го слушне вашето мислење и го почитува, тоа е јасен знак на взаемно почитување за еднакво партнерство како основа на успешен брак“, рече Феј.
Квалитетниот сопруг не ги крие своите несигурности, стравови или соништа, туку е подготвен отворено да ги сподели со вас.
„Ранливоста е клучна за подлабока поврзаност, таа е извор на љубов, припадност, храброст и автентичност. Кога партнерот може да биде искрен во изразувањето на своите емоции, тоа не покажува стабилност, туку сила и желба да се изгради врска заснована на доверба и разбирање“, тврди Феј.
Таа објаснува дека несогласувањата се неизбежни во секоја врска, а она што го издвојува квалитетниот сопруг е неговата способност да преземе одговорност кога ќе направи грешка.
„Наместо да ја префрла вината или да бара изговори, тој ги признава своите постапки и работи на нивно исправување. Овој вид на зрелост не е само начин да се избегне конфликт, туку покажува и почит кон партнерот и врската. Кога некој презема одговорност, тоа испраќа силна порака дека тие ја ценат вашата врска и е подготвен да вложи напори за да ја одржи силна“, рекла Феј.
Фото: Архива