„Летаргија“ изложба на цртежи од Ангел Коруновски

Денес, во Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци, со почеток во 18:00 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на цртежи од Ангел Коруновски, насловена „Летаргија“.

Зародиш на концептот на изложбата е глобализацијата, пласирањето на лажни информации и вредности како и потценувањето на луѓето и нивните способности. Осознавањето преку брза информација без потковување на знаењето кое изискува време и истражување преставува глобален проблем во целото општество кое се движи во погрешен правец, комплетна капитализација и вреднување на материјални добра како основен идентитетски печат кај единките.


Живееме во време на брзи вистини, поддадени и наложени вредноси, нема индивидуалност, луѓе слични кои функционираат како бинарен број кој е зададен да создаде една наметнато поставена слика. Делата на изложбата се сурови, искрени и голи како нужна потреба на отсликувањето на општеството, впрочем нели културата е образ, огледало на времето и општество во кое живееме?

Цртежите се работени во комбинирана техника каде тушот и перото се појдовна точка, додека алатките како PROCREATE & PHOTOSHOP прават колмуниција во создавањето на една монументално творба во дигитален формат.


Се надевам дека публиката ќе ужива во едно негување на класичниот начин на творење преку фундаментот на ликовниот начин на изразување – ЦРТЕЖОТ репрезентиран во нов начин на презентација како дигитална монументална уметност – Ангел Коруновски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …