‘Let Us Be’ на Четкар е ‘ Masters Choice’ во цела Јапонија – “Не постои некој што не го сака овој звук”

Албумот на Четкар ‘Let Us Be’ кој моментално е ексклузивно издаден во Јапонија е прогласен за ‘Masters Choice’ на национално ниво низ сите музички продавници на ‘Tower Records’, најголемиот ланец на музички продавници во Јапонија и е прв на истоимената листа.
Во прекрасната критика за албумот ‘ Let Us Be’, меѓу другото се вели дека Четкар е блескав артист со својата  супериорно комфорна ‘Breezy chill’ гитара.
“Од неговиот урбан соул стил, преку правците на Incognito и  Jamiroquai , се до фанк-диско стилот на Chic, неговиот сензибилитет го одделува од комерцијалните правци.
Високо се препорачува за сите љубители на 80-тите .
Не постои некој што не го сака овој звук!!”
Албумот „Let Us Be“ е музичка симбиоза на џез, фанк, соул и диско и комплетно авторско дело на Четкар каде тој е во улога на композитор, аранжер/оркестратор, продуцент, гитарист, вокалист, текстописец и диригент. Се снимаше во Чикаго и Милвоки во „Electrical Audio“ и „Hi-Five Studio“, со жива инструментација. Содржи 8 композиции: „Don’t Make Me Wait“, „Let Us Be“, „Ohrid“, „A New Day“, „High Devotion“, „More Than I Ever Asked For“, „Alexander At The Oracle“ и „MATO“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. …