Леонардо ди Каприо и Мартин Скорсезе повторно ќе работат заедно: Планираат за снимат историска драма

Режисерот Маертин Скорцезе и глумецот Леонардо ДиКаприо планираат нова соработка после филмовите „Бандите на Њујорк“, „Авијатичар“, „Островот Шутер“ и „Волк од Вол Стрит“.
Актерот ќе глуми во новата историска драма на Скорсезе, The Wager: A Tale of Shipwreck, Mutiny and Murder, која се заснива на фантастичната книга (со ист наслов) на писателот Дејвид Грин. Ова е осми пат тие да соработуваат на екранот по претходните филмови, вклучувајќи ги „Волкот од Волстрит“ и „Авијатичарот“.
Ќе следи по најновиот филм на дуото, крими-драмата „Убијци на цветната месечина“ (Killers Of The Flower Moon), кој се очекува да дебитира на Канскиот филмски фестивал во 2023 година.

This image has an empty alt attribute; its file name is skorceze-i-leonardo.jpg


Во суровата борба за живот, екипажот гладува
Приказната е за британски воен брод кој се насукал на осамениот остров во близина на Чиле во средината на осумнаесеттиот век. Во суровата борба за живот, екипажот гладува, се случуваат убиства и бунтови.
Грин е автор и на нефикциската книга Killers of the Flower Moon, која Скорсезе неодамна ја сними во истоимениот филм со Ди Каприо во главната улога, кој се очекува во кината следната година.
Тој зборува за убиствата на членовите на индијанското племе Осаж во Оклахома во 1920-тите, кога на нивната земја биле откриени големи резерви на нафта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Познати личности кои донирале огромни суми за настраданите во пожарот во Лос Анџелес

Додека пожарите сè уште се шират низ округот Лос Анџелес, оставајќи огромни штети по нив, …