– Што покажала конечната обдукција на Џин Хекман и неговата сопруга
– Шокантни детали откриени за срцето и мозокот на славниот актер
Објавени се резултатите од конечната обдукција на познатиот актер Џин Хекман и неговата сопруга, два месеци откако беа пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико. Тие нови детали детално открија од што страдал двократниот добитник на Оскар.
Како што пишува „Fox News“, извештајот на Патолошката канцеларија на Ново Мексико покажал дека Џин Хекман (95) страдал од конгестивна срцева слабост и имал изразени хронични хипертензивни промени во бубрезите. Во 2019 година, му бил вграден бивентрикуларен пејсмејкер, а обдукцијата дополнително покажала присуство на невродегенеративни промени во мозокот, предизвикани од Алцхајмерова болест.
„Беа откриени тешки атеросклеротични и хипертензивни промени во кардиоваскуларниот систем, биле поставени стентови во коронарните артерии, бил направен бајпас и претходно била заменета аортната валвула“, се наведува во извештајот. Исто така, биле пронајдени траги од стари срцеви удари, додека анализата на мозокот открила микроскопски знаци на напредна Алцхајмерова болест.
Обдукцијата покажала дека Хекман не бил заразен со хантавирус, ретка и опасна инфекција што ја пренесуваат глодари, што предизвикало смрт на неговата сопруга, Бетси Аракава (65). На нејзиниот компјутер биле пронајдени траги од вирус што предизвикува слични симптоми како Ковид.
Патологот изјавил дека тестовите не покажале труење со јаглерод моноксид, а во крвта на Џин Хакман се пронајдени траги од ацетон, што веројатно е резултат на дијабетична кетоацидоза или гладување.
Се претпоставува дека Хакман, поради напредна Алцхајмерова болест, талкал низ куќата неколку дена по смртта на неговата сопруга, несвесен што се случило. Тој починал речиси една недела по неа, околу 18 февруари, од последиците на тешка срцева болест, дополнително влошена од Алцхајмерова болест и заболување на бубрезите.
Глодари и нивните гнезда биле пронајдени во осум помошни згради на имотот на познатата двојка. Измет од глодари е пронајден во три гаражи, две куќи и три магацински простории, а инспекторите пронашле живи и мртви глодари и гнезда во уште три гаражи.
Исто така, биле забележани и два автомобила со јасни траги од присуство на глодари и стапици, поради што се претпоставува дека актерот и неговата сопруга долго време се бореле со овој вид штетници. Исто така, требало да се провери дали првите полицајци и другите што влегувале во куќата биле изложени на ризик.
Фото: Архива