Лечи забоболка, ги раствора камењата во бубрезите, може да ги убие клетките на ракот: Зачин со кој треба да се биде внимателен


Мускатното оревче во поголеми количини делува како халуциноген лек, не смеете да консумирате повеќе од 2 грама дневно.
Мускатното оревче е богато со антиоксиданси, кои штитат од развој на хронични болести и имаат антиинфламаторно дејство. Имаат и силно антибактериско и аналгетско дејство, па затоа тинктурите кои го содржат овој зачин се користат во масти и лекови против болки. Особено за ревматизам и механички повреди.
Добро е и за здравјето на бубрезите и црниот дроб бидејќи им помага да ги исчистат токсините, но и ги раствора калцификациите кои можат да се акумулираат во овие органи.
Неколку студии досега потврдија дека состојките на мускатното оревче, како и маслото добиено од него, можат ефикасно да предизвикаат апоптоза, односно смрт на клетките на ракот на крвта, односно леукемија и со тоа да го запрат развојот на овој вид на болест.
Во народната медицина, мускатното оревче е високо ценето поради неговото антибактериско дејство, па затоа се користи во борбата против лошиот здив и таложењето на бактерии во устата. Содржи и еугенол, кој е главниот непријател на забоболката.
Поради екстремно високата содржина на магнезиум, меленото мускатно оревче во топлото млеко го решава проблемот со несоницата.

This image has an empty alt attribute; its file name is morsko-orevce-2.jpg


Симптоми на труење
Иако ова е вреден зачин кој може да го подобри општото здравје на многу начини, може да има и многу непријатни несакани ефекти. Ако го користите во мали дози, нема причина да се грижите, но претерувањето може да доведе до компликации, па дури и сериозно труење.
Предозирањето може да предизвика халуцинации, конвулзии, тахикардија и повраќање.
За да го искористите најдоброто од мускатното оревче и да го избегнете ризикот од несакани ефекти, не смеете да ја надминувате дневната препорачана доза од 2 грама.
Исто така, овој зачин е строго забранет за трудници, како и за луѓе кои страдаат од епилепсија и тешки невролошки нарушувања.
Меленото мускатно оревче треба да се чува на суво место, во стаклена тегла, подалеку од извори на топлина и светлина. Вака чуван, останува свеж шест месеци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Искористете ги јајцата што останале од Велигден, додадете грашок и направете ја најдобрата салата

Најдобрата салата можете да ја направите од јајцата кои ви останале од Велигден, со додавање …