Куклената претстава „Дванаесетте месеци“ вечерва во Театарот за деца и младинци

Вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, најмладата публика ќе има можност да ја погледне куклената претстава „Дванаесетте месеци“.

Станува збор за добро познатата Словачка народна приказна, која е драматизирана од страна на режисерот Петар Пашов. Многу добро познатиот мотив, во кој Маќеата и нејзината ќерка Галениче неправедно го тероризираат Девојчето Сираче, режисерот низ огромна доза на хумор го поставува на сцената во која куклите го имаат главниот збор. Дванаесетте месеци се сожалуваат над судбината на Сирачето и со помош на своите натприродни моќи му помагаат да се избори за својата правда. Тројцата актери, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска и Драган Довлев, се чувствува дека уживаат додека ја играат претставата и во дејствието активно ги вклучуваат и децата.


Нема да биде претерано ако се каже дека оваа претстава можеби најмногу ги смее и расположува помалите деца и не случајно таа за многу деца е најомилената наша претстава. За да се уверите во ова најтопло Ви ја препорачуваме ДВАНАЕСЕТТЕ МЕСЕЦИ, зашто шансите да не Ви се допадне се многу мали.

Режија и текст: Петар Пашов
Играат: Ана Левајковиќ Бошков, Драган Довлев, Катарина Илиевска Силјановска.


Резервација на билети на: 02-3222-619 или онлјан на www.puppet.com.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …