„Кубанска музичка авантура“ со Џон Илија Апелгрен

После успешните концерти изминативе неколку години („Француски шансони“ и „Звуците на Бразил“) каде најпознатиот македонски џез пејач Џон Илија Апелгрен ни се претстави со прекрасна музика од споменатите земји, а по ексклузивниот концерт одржан на 14 февруари „Хитовите на Френк Синатра“, каде настапи со Националниот џез оркестар, следното концертно издание на овој македонски музички уметник не води на ново патување, овој пат во Куба. Вечерва во големата сала на Македонската Филхармонија, со почеток во 20:30 часот, ќе имате можност да уживате во „Кубанска музичка авантура“ со Џон Илија Апелгрен.

За време на концертот со име „Кубанска музичка авантура“, Апелгрен ќе интерпретира дел од богатото кубанско музичко миље, особено од стилот кубански болеро на автентичен, шпански јазик. Бендот е составен од најдобрите актуелни џез музичари во Македонија, а сцената ќе ја збогатат двете вокални солистки Марија Димитријевиќ и Калина Велковска, како специјални гостинки. Аранжманите за овој концерт ги изработи врвниот македонски џез пијанист и аранжер Гордан Спасовски. Концертот ќе претставува вистинско уживање за љубителите на квалитетната музика.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …