Крива Паланка повторно ќе биде единствен македонски град- домаќин на Europ’Raid

        На 15 август, по четврти пат,  Крива Паланка ќе има чест и задоволство да биде единствен македонски град-домаќин на авантуристичкиот Peugeot 207 караван „Europ’Raid”, што го организираат на млади авантуристи од Франција кои патуваат  и се запознаваат со природните убавини, културата, традицијата и кулинарството на 20 европски земји.

 По нивното пристигнување во Крива Паланка , ќе се одржи франкофонски музички хепенинг во ООУ „Свети Јоаким Крчовски”, збогатен со македонски фолклор со цел запознавање на македонската култура и традиција, вечерта  гостите ќе имаат можност да проследат културно-уметничка програма  и концерт на BAD ASS ALL на Градскиот плоштад.


        Во рамките на овие активности, ќе присуствува делегација од Амбасадата на Франција, претставници од Францускиот институт од Скопје и повеќе франкофонски здруженија и организации.

Крива Паланка е одбрана за македонски град –  домаќин на овој авантуристички мото караван од страна на „Europ’Raid” и во соработка со Амбасадата на Франција, поради бројните  активности и покажани резултати  во областа на франкофонијата. 


   На 3 август 2024 година,  започна 9-то издание на Europ’Raid, првата авантуристичка обиколка со автомобили „Пежо 205″ низ 20 земји во Европа, а во рамките на истата, околу 610 Французи тргнаа од Париз, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе училишна и спортска опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и С Македонија. Поминувајќи 8.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да обезбеди 70 кг. училишна или спортска опрема: училишни ранци,  училишен прибор, тетратки,  топки, разновидни друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик.

 Настанот е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата”.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на литвански филмови во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм вечерва во Кинотека

Вечерва во рамките на четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм, во Кинотека …