Крива Паланка домаќин на Europ’Raid – францускиот караван во авантуристичка обиколка со „Пежо 205“

Крива Паланка повторно единствен македонски град – домаќин на Europ’Raid, францускиот караван со над 600 Французи кои патуваат низ 20 земји од Европа, минувајќи 8.000 километри во авантуристичка обиколка со „Пежо 205“.

Настанот по повод караванот ќе се одржи во четврток на 15 август 2024 година и за истиот е предвидена следнава програма:


17:15 часот
Франкофонски хепенинг и македонски фолклор
Двор на ООУ “Св.Јоаким Крчовски”

20:00 часот
Концерт на BAD ASS ALL
Летна сцена, Градски плоштад


Французите ќе се запознаат со македонската култура и традиција, а во духот на меѓународната солидарност, ќе донираат училишна и спортска опрема во училиштето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Црно под ноктите“ – Изложба на Андреј Медиќ Лазаревски

Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20:30 ќе се случи првата изложба на Андреј …